Второ прскање против комарци во Скопје

Второ прскање против комарци во Скопје во петок. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци ќе се реализира на во петок, во период од 05 до 10 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.