Прво бебе во 2015-та, а трето во семејството Лазарови

Министрите за здравство и за труд и социјална политика Тодоров и Спасов и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска во скопската клиника за Гиникологија и акушество ја посетија малата Миа, првото родено бебе во Новата година, а трето дете по ред на мајката Оливера Лазарова од Кавадарци.

Малата Миа се родила во 00,01 минута по полноќ и е тешка 3 килограми и 550 грама, а долго 51 сантиметри. И мајката и бебето се во одлична состојба.

Министерот Тодоров посака многу здравје и среќа и на детето и на мајката и на целото нејзино семејство.

-Оваа година имаме од полноќ до сега 3 породувања на клиниката за гиникологија, првото е женско а другите две се машки деца. Очекувам дека во иднина Клиниката ќе продолжи со одлично функционирање како што тоа беше ова година, истакна министерот Тодоров.

Министерот Спасов на бебето му подари златна монета за првородено бебе во Новата година, а на мајката плакета затоа што станува збор за трето по ред дете во семството.

-Со оглед дека се работи за трето дете мајката во наредните 10 години ќе остварува месечен паричен надоместок од околу 8000 денари, истакна Спасов.

Градоначалникот на Трајановски и на бебето и мајката им ја честиташе Новата година и им посака здравје среќа и успех и на другите новородени бебиња.

На клиниката за Гиниколгија и акушерство за време на новогодишната ноќ се родени 3 деца од кои едно женско и две машки. Директорката  Марија Хаџи-Лега информираше дека сите 3 бебиња и мајките се во одлична состојба и посака уште поплодна 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.