Путин и Обама имаа телефонски разговор за Иран и Саудиска Арабија

Претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот американски колега Барак Обама во телефонски разговор ја нагласија потребата од намалување на тензиите помеѓу Иран и Саудиска Арабија во врска со тековната дипломатска криза меѓу двете земји, јавува „Раша Тудеј“.

Путин и Обама имаа телефонски разговор во средата, соопшти Кремљ, додавајќи дека разговорот е на барање на американската страна.

Путин и Обама имаа телефонски разговор за Иран и Саудиска Арабија
Путин и Обама имаа телефонски разговор за Иран и Саудиска Арабија

Лидерите повикаа на деескалација на тензиите помеѓу Саудиска Арабија и Иран, се вели во соопштението од Кремљ.

Двајцата претседатели исто така разговараа и за решавање на украинската криза, за престојните разговори за Сирија, како и за случувањата во Кореја.