Раде Шербеџија: Требаше да снимам филм за Распучин, но Кјубрик почина

Актерот Раде Шербеџија изјави дека требало да го толкува ликот на една од најмистичните и најконтроверзни личности во руската историја, Распучин, но дека веќе договорениот аранжман пропаднал поради смртта на режисерот Стенли Кјубрик.

„ Откако го снимив последниот филм „Очи широко затворени“ со Никол Кидман и Том Круз, Стенли Кјубрик ми рече дека со мене сака да сними филм за Распучин, што го сфатив како комплимент. За жал, генијалнит режисер почина малку потоа“ – вели Шербеџија.

На прашањето со која улога најмногу се доживеал себеси како актер, Шербеџија вели дека тоа било во неговиот најлош настап.

„Сите го спомнуваат Хамлет, но никој улогата која за мене беше најважна, а ја одиграв многу лошо. Тоа беше „Дон Жуан“ од Молиер. Од таа улога најмногу научив и тој неуспех најмногу ме погоди“, вели Шербеџија.