Радовиш додели 24 нови стипендии за талентирани ученици

Во салата на Советот на општина Радовиш, денеска беа потпишани договорите на доделените стипендиите на дваесет и четири ученици од основното и средното образование од општина Радовиш, од претходно објавениот Конкурс за стипендирање на талентирани ученици за учебната 2014/15 година.

Идејата за стипендирање на учениците од основните училишта и средното училиште од општина Радовиш која минатата година ја спроведовме за првпат дава резултати, мотивира и дополнително ги стимулира учениците да постигнуваат подобри успеси, истакна градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов, на денешното потпишување на договорите за стипендирање на успешни ученици од основното и средното образование во општина Радовиш.

Оваа година беа потпишани дваесет и четири договори за стипендирање на талентирани ученици кој ќе добиват по 2500 денари за основците и 3000 за учениците од средното образование месечно, а учениците ја примат 9 месеци во текот на учебната година.

Радува најавата на градоначалникот Николов за промена на Правилникот за стипендирање за наредната година со кој ќе се овозможи стипендирање на многу поголем број на ученици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.