Радовишанец доби кривична пријава заради седум тешки кражби

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К.(21) од с.Дамјан, радовишко, за сторени седум кривични дела „тешка кражба“ од кои три во обид. Во периодот од декември 2013 до февруари 2014 година, пријавениот со употреба на погоден предемт и физичка сила ги извршил делата во манастирите „Св. Кристофер“ во с.Крсотар, „Св. Преображение“ во с.Буково и во црквата „Св. Јован Крстител“ во Битола, од каде одзел свеќи и храна, нанесуваќи материјална штета од 6.500 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.