Ракција на АВМУ на интервјуто на Орданоски со Мицкоски: 1ТВ не ги почитува професионалните стандарди

По реакциите на огромен дел од јавноста за нескриената пристрасност на новинарот Сашо Орданоски по неговото синоќешно интервју со челникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во четвртокот со осуда се јави и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

„Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Орданоски со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, емитувано сношти на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, новинарот ги прекршува начелата за почитување на достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, се истакнува во објавата на АВМУ.

 Извештајот ќе биде објавен на веб страницата, а ќе биде доставен и  до Советот на Агенцијата.

Во меѓувреме, како што се посочува, регулаторното тело нагласува дека „професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела за вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.