Ракитиќ без да размисли го откачи ПСЖ

Иако важи за голема желба на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, хрватскиот интернационалец од редовите на Севилја, Иван Ракитиќ изјави дека би немал ништо против доколку и во следните шест месеци престојува во Андалузија.

„Се е како што сакам, се е во најдобар ред. Задоволен сум од мојата форма, но се надевам дека ќе биде уште подобро во следниот период. И јас ги слушнав и прочитав тие информации и горд сум на фактот дека за моите услуги сериозно е заинтересиран актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ. Сепак, јас сум срешен во Шпанија, среќен сум во Севилја и целосно сум фокусиран на овој голем проект. Горд сум што сум дел од овој клуб и ја имаа таа среќа да бидам капитен. Сакам да вратам за укажаната доверба, сакам да им се одолжам на клупските челници и на најверните фанови кои веруваат во моите квалитети”, изјави одличниот играч за врска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.