Расте антисемитизмот во западна Европа, но во Унгарија Евреите се безбедни

Додека антисемитизмот во западноевропските земји расте, Евреите во Унгарија живеат безбедно, рекол пратеникот од редовите на ФИДЕШ, Балаш Хидвеѓи, на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур, вчера, јавува „ХунгариТудеј“, пренесува НетПрес.

Единствен можен пристап кон  антисемитизмот е нула толеранција, дополнил Хидвеѓи на сесијата посветена на напорите за борба против расизмот и омразата.

Тој предупредил дека дека појавата на радикален исламски антисемитизам во Европа придонела за зголемување на бројот на антисемитски напади.

„Ова е уште една причина за цврста акција против илегалната миграција“, завршил Хидвеѓи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.