Ратификацијата на договорор за името заглави во Грција

Договорот за името на Македонија заглави во Грција , пишува во текстот на американскиот портал „Бреитбарт“, во кој е дадена анализа на последните случувања во Атина во врска со ратификација на спогодбата за името Северна Македонија.

Договорот што грчкиот и македонскиот премиер го постигнаа за да го прекинат 30-годишниот спор за тоа како треба да се вика Македонија прави мал напредок во грчката влада.
Во вторникот, влијателен член на владејачката политичка коалиција објави дека е подготвен да ја собори  владата ако договорот за името се ратификува. Договорот што го постигна грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев, официјално ќе ја крсти земјата на Заев како „Република Северна Македонија“. Уште откако таа излезе од дезинтегрираната југословенска федерација во деведесеттите години, неформално е позната како „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а и се обраќаат со непријатнипт акроним ПЈРМ, пишува во текстот со наслов Macedonia Name Deal Going Nowhere Fast in Greece.

Според „Бреитбарт“, проблемот во Грција е изразена аверзија што и е дозволено на земјата на Заев да го употреби зборот “Македонија” во нејзиното име. Ова делумно е прашање на национална гордост поради поседувањето на родното место на Александар Велики, а делумно поради стравувањата дека ПЈРМ можеби еден ден ќе ги истакне  територијалните претензии против делови од Грција познати како Македонија.

Во ПЈРМ, пак, парламентот го ратификуваше договорот и покрај приговорите на претседателот Ѓорге Иванов, кој го осуди договорот како „криминално насиство“врз уставот. На Иванов и на неговите поддржувачи не им се допаѓа концесијата за додавање на зборот „Север“ на името на Република Македонија, бидејќи ја оспорува идејата за тоа која земја е „вистинската Македонија“ и ги прави Северните Македонци да бидат подредени на Грција. Иванов вети дека ќе го блокира договорот за името, но очигледно нема законска моќ да го стори тоа ако парламентот инсистира – и тоа ќе биде, бидејќи договорот беше ратификуван со едногласно гласање, при што националистичката опозиција се воздржа. Заев се закани дека ќе поднесе оставка ако договорот не помине, пишува „Бреитбарт“.

 

Изгледите за поминување на договорот изгледаат многу полоши во Грција, каде што „напалениот“ националистички министер за одбрана, Панос Каменос, кој стана познат поради заканите  дека ќе ја „скрши“ Турција ако се осмели да направи непромислен потег на спорните острови во Егејското Море, изјави во вторникот дека нема да дозволи договорот да биде ратификуван без истиот да го одобрат грчките граѓани, било со референдум или со нови избори.

Каменос, кој исто така е и претседател на партијата Независни Грци, во вторникот изрази лично противење на промената на името. “Договорот за мене е лош. Не го прифаќам договорот, и јас ќе се обидам да го блокирам. Сакам јасно да кажам- и ја преземам одговорноста како претседател на Независни Грци, која е партија во владата – дека овој договор нема да биде ратификуван  без мислење на грчкиот народ.Не може да има процедури со НАТО ако референдумот не биде завршен во ПЈРМ и ако договорот не помине низ грчкиот парламент”, додаде Каменос. Тој во минатото изјавил дека ако на ФИРОМ му се дозволи да се приклучи на НАТО под било која верзија на името „Македонија“, тоа би било навреда за „грчката цивилизација“ нанесена од целиот западен свет, пишува „Бреитбарт“.

Според порталот, Каменос е сигурен во резултатите од гласањето во парламентот па вели дека е подготвен да го прифати гласот на мнозинството, бидејќи совршено добро знае дека и опозициските партии и неговите Независни Грци нема да гласаат за договорот, а „Сириза“ на Ципрас не поседува доволно места во парламентот за да добие нипто друго освен просто мнозинство гласови, кои вообичаено се бараат според грчкиот закон.

Грчкиот министер за одбрана покажа дека не е импресиониран од македонската поддршка за договорот, велејќи „Очекувањата што Заев се обидува да ги наметне во неговата земја се негова сопствена работа. Нечии желби се различни од надворешната политика на земјата и од постојните документи“. Каменос претходно сигнализираше дека не е подготвен да ги повлече деветте парламентарни гласови од неговата партија Независни Грци од владејачката коалиција во врска со договорот за името, но сега се чини дека барем премолчено сака да го стори тоа. Владата на Ципрас преживеа гласање за недоверба во врска со договорот за името во јуни, но само со гласање од 153-127, и загуби член на парламентарната коалиција, кој беше исфрлена од партијата Независни Грци бидејќи гласал „за“. Камменос во тоа време рече дека гласањето против иницијативата за гласање недоверба не е исто што и гласањето во корист на договорот за името на Македонија, заклучува порталот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.