Раул Гонзалез дебитира денеска против Веспрем

Македоннскиот ракометен шампион Вардар денеска (17.45 ч) во СРЦ “Кале” ќе  одигра пријателски натпревар против унгарскиот гигант Веспрем. Овој натпревар ќе биде одлична можнос новиот тренер Шпанецот Раул Гонзалез да го види реалниот квалитет на “црвено – црните”. Шпанецот на овој меч ќе има можност да се запознае со квалитетите на сите играчи и да ја гради тактиката за пролетниот дел од Лигата на шампионите.

Интересно е што на другата старана на клупата  противник ќе ми биде неговиот сонародник Антонио Карлос Ортега  Се работи за двајца стратези, кои се генерациски блиски, со тоа што Раул е нешто повозрасен,  на 8 – ми јануари го прослави 44 – от роденден, а Ортега има 42 години.

Интересно, и двајцата се поранешни репрезентативци на Шпанија, кои како најзначаен репрезентативен трофеј во кариерата, го имаат олимпискиот медал. Најпрвин тренерот на Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез, освои бронза во Атланта 1996 година, а четири години потоа, Антонио Карлос Ортега, исто така се закити со бронзен медал, на Олимписките игри 2000 – та во Сиднеј. Тренерот на Веспрем играше и во 2004 во Атина, но тогаш неговата селекција го заврши олимпискиот настап на седмата позиција.