Раздор и обвинувања во канцеларијата на народниот правобранител

Раздор и обвинувања во канцеларијата на народниот правобранител. Вториот човек на оваа установа, Јован Андоновски, го обвини Народниот правобранител Иџет Мемети, дека постојано ги навредува вработените, додека нему лично му ги одзел своите надлежности незаконски, известува Алсат М.

Мехмети го негира конфликтот со другите 9 заменици и  вели дека ги одзел овластувањата на Андоновски, откако се обидел да ги злоупотреби.

Иџет Мемети, Народен правобранител —-„Тој се обиде да го злоупотреби системот во институцијата, односно електронскиот, и да работи под политичко влијание. По мојата истрага, нему му беше одземено овластувањето и сите случаи на кои работи сега, ги работи под моја контрола, бидејќи оваа институција не може да дозволи политичко влијание. Дури и тоа што му ги одземав овластувањата не е доволно. „Во реалноста, тој дури може да биде суспендиран, да не работи воопшто на предмети“.

Според Андоновски, ситуацијата ескалирала кога Мемети им го одзел на вработените правото на годишен одмор, што според него е апсурдно да се случи на оние кои со години им помагале на граѓаните да ги остварат своите права на работното место. Мемети тврди дека поради пандемијата сите вработени престојувале дома премногу долго и дека според него тој има право да им даде отсуство кога ќе процени, до крајот на годината.

Судирот меѓу челниците на врвот на канцеларијата на народниот правобранител, мрежата за заштита и дискриминација го оценува како скандалозна и вознемирувачка. Од оваа Организација велат дека идентификувале недостаток на еднаква распределба на ресурсите и степен на професионализам на повеќето вработени.

Мандатот на Иџет Мемети истекува на крајот на годината. Од Мрежата за заштита од дискриминација бараат Собранието да распише конкурс 3 месеци пред именувањето и изборот да се направи на транспарентен начин.

Анеса СалиХу