Размена на искуства со МВР на Бранденбург

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес имаше средба со првиот човек на полицијата на сојузната германска покраина Бранденбург, Ралф Холцшуер, кој учествува на 12-тите по ред „Охридски разговори“ што деновиве се одржуваат во Охрид.

На средбата двајцата министри уште една беше потврдена успешноста на процесот на т.н. „Охридски разговори“, притоа согласијувајќи се дека оваа традиција на одржување заеднички стручни конференции од овој вид треба да продолжи и понатаму.

Исто така на средбата заеднички беше заклучено дека од самиот почеток на „Охридските разговори“ во 2005 година, двете министерстав имаат постигнато значаен напредок во меѓусебната комуникација и соработка, а несебичното споделувањето на искуствата од своето работење што ги нуди МВР на Бранденбург е од особена важност во спроведувањето на реформите во македонската полиција и останатите институции за спроведување на законот – се согласија двајцата министри.

Како што посочи министерката Јанкулоска овие разговори претставуваат одлична можност за размена на искуства меѓу претставниците од двете земји.

Особено што оваа година темите за разговор беа проширени и надвор од надлежностите на МВР, па токму заради тоа беа повикани претставници и од Управата за финансиско разузнавање, Министерството за информатичко општество, од Агенцијата за електронски комуникации како и претставници од високо-образовните институции, кои имаа свои излагања во областа на недозволените финансиски трансакции, справувањето со компјутерскиот криминал како и справување со можноста за ширење на тероризмот на Балканот, со посебен осврт на Македонија. Следниот, 13-ти циклус Охридски разговори треба да се одржи за две години во Потсдам – Бранденбург.