Разрешувањата на Ременски – партиски реваншизам и сценарио за блокада на проекти

Од Кабинетот на допонителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов упатија реакција во која се вели дека техничката министерка Фросина Ременски го прекршила Законот за Влада со незаконските решенија за разрешување на директори на центри за социјална работа и јавни установи кои се форма на партиски реваншизам, како и дека истите немаат правна сила бидејќи не се потпишани и од дополнителниот заменик министер.

Соопштението Ви го прнесуваме интегрално 

Ја информираме јавноста дека врз основа на Закон се покренати петнаесет тужби против техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, поради  незаконско  работење, односно незаконско разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи кои се форма на партиски реваншизам и смислено сценарио за блокада на проектите кои се реализираа од страна на министерството.

Техничката министерка за труд и социјална политика го прекрши Законот за Влада  каде е наведено дека сите правни, кадрови и финансиски прашања се потпишуваат од техничкиот министер и од дополнителниот заменик министер.  Согласно Законот за Влада  решенијата за разрешување на директорите немаат правна сила бидејќи не се потпишани и од дополнителниот заменик министер.

Исто така техничката министерка именуваше за в.д. директор на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци-Топанско поле, лице кое не ги исполнува условите да биде  директор спротивно на Законот и Статутот на установата.

Техничката министерка направи прекршување на Законот за социјална заштита  каде е утврдено дека  министерот за труд и социјална политика и директорот може да потпишат менаџерски договор за допрецизирање на правата и обврските.

За нејзина информација повторуваме дека  во законот нема рок за потпишување на договорот, ниту пак, е предвиден основ за разрешување на директорот ако не потпише менаџерски договор а ниту законски не е дефинирана содржината на договорот, стои во реакцијата.