Разузнавач на Мосад: Третата светска војна веќе е почната

Третата светска веќе се води, вели поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба Мосад, Ефраим Халеви, кој додава дека таа се води против иламскиот екстремизам, поразлична е од претходните и се води на речиси сите континенти.

– Ал Каеда е организација која е одговорна за нападите на речиси сите континенти. Има извршено напади на Блискиот Исток, во Северна Америка, во Европа, во места како Шпанија, Лондон, во Југоисточна Азија, Индија, Пакистан, Авганистан. Значи во однос на светот, ние сме во средината на глобален конфликт, вели Халеви.

Халеви беше на чело на една од најпознатите тајни служби во септември 2001 година, кога се случија терористичките напади на облакодерите во Њујорк и има 33-годишно искуство со борбата против исламскиот тероризам.