Реално е да се очекува дека Бугарија може да има нови барања и условувања за Македонија, вели Спасеновски

Имајќи го во предвид фактот што е главната кочница заради која и во моментот не се одвиваат европските интеграции со забрзаната динамика, а тоа е билатералниот проблем со Република Бугарија. Исто така предизвик за оваа држава ќе биде и евентуално новите барања кои што би доаѓале во таа смисла како резултат на реализирањето да речеме на заложбите за промена на Уставот преку интегрирање на Бугарите во уставно правниот систем на државата, вели професорот по уставно право и политички систем, Александар Спасеновски во интервју за „Радио слободна Европа“.

Спасеновски додаде дека реално може да се очекуваат нови барања од Бугарија за Македонија.

-Станува збор за ситуација во која што Република Бугарија добива можност во секој од поглавјата да се обиде да ги реализира своите партикуларни политички интереси поврзани со статусот, со местото и со улогата на оваа етничка заедница која што живее во Република Македонија, појасни професорот.

„Додека барањата се на линија на европските стандарди од аспект на човекови права и слободи, од аспект на недискриминација, од аспект на други работи поврзани со правична и соодветна застапеност и целосно интегрирање на системот, во таа смисла не би требало да има проблеми. Меѓутоа ние знаеме дека во политиката не е се идеално и дека реализмот во меѓународни односи често пати доминира над овој идеализам кој што сега го проектираме. И во таа смисла имајќи го во предвид минатото искуство на државата и минатото искуство на други држави сметам дека е малку поизвесна опцијата дека ќе имаме и нови ситуации во кои што ќе се прави обид за зголемување на реалното и на симболичното присуство и влијание на Република Бугарија врз состојбите во Република Македонија, нагласи Спасеновски.