Речникот Coolins го прогласи „локдаун“ за збор на годината

Авторитетниот британски речник на англискиот јазик „Collins English Dictionary“ за збор на 2020 година го прогласи „lockdown“ (затворање), додека светските влади поголемиот дел од годинава се обидуваа да ја зауздаат пандемијата на коронавирусот.

Лексикографите избројале повеќе од 250.000 употреби на зборот „локдаун“ во 2020 година, во споредба со 4.000 минатата 2019 година.

Англискиот термин „lockdown“ е изведен од „lock“ – да се заклучи и „down“ – долу. Така, англискиот збор „lockdown“ би се толкувал како „затворање, заклучување, блокада, изолација“.

Во обајснувањето на Collins се наведува дека зборот, кој се дефинира како „наметнување на строги ограничувањата на патувањата, социјалната интеракција и пристапот до јавните простори“ е избран бидејќи претставува „обединувачко искуството за милијарди луѓе ширум светот“.

Шест од десетте зборови кои влегле во потесниот избор се однесувале на пандемијата, а меѓу нив се и „коронавирус“, „самоизолација“ и „социјално дистанцирање“.

Листата кандидати за Збор на годината, исто така, вклучувала и други зборови, изведенки и фрази поврзани со пандемијата како „вработен во специјалност која е класификувана како витална за фунционирање на општеството“(key worker) или „прунудно неплатено отсуство“ (furlough).

Во потесниот избор бил и зборот „тиктокер“, којашто Collins ја дефинира како „лице кое редовно споделува или се појавува во видеозаписи на TikTok“ апликацијата за споделување видеа. И зборот BLM, кратенка од „Black Lives Matter“ (Црните животи се важни) се нашол во потесниот избор. Во Collins го дефинираат како „движење кое води кампања против расно мотивираното насилство и угнетување“.

Минатата 2019 година речникот го избра терминот „climate strike“ (климатски штрајк/протест), феномен кој стана популарен шриум светот благодареание на дејствјата на еко-активистката Грета Тунберг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.