„Римес“ ги затвора месарниците

Kомпанијата за месна индустрија „Римес“ ги затвора продавниците во Скопје.

Еден од доверителите за 24 Вести вели дека фирмата не работела ликвидно и имала големи финансиски проблеми.

„Ние како доверители ќе се обидеме да и’ помогнеме на компанијата во делот на подмирување на долговите, и ќе направиме напори фирмата да продолжи да работи. На крајот на неделава е закажан состанок со сите доверители, на кој што треба да се направат пресметки за фиансиските долгови, и да се утврдат побарувањата од една банка“, објаснува за 24 Вести, еден од доверителите.

„Римес“ како една од поголемите компании  во месната индустрија покрива од 5 до 10 отсто  од пазарот со месни преработки.
Со затворањето на продавниците, се доведува во прашање и вработувањето на околу 300 лица кои можат да останат без работа.

Упатените во овој бизнис, за 24 Вести коментираат дека пропаѓањето на ваквите големи компании од месната индустрија негативно би се одразило на пазарот, бидејќи ќе се појави недостиг, кој што би се пополнил со увозни месни производи. А тоа би значело директен удар врз домашното производство.