Римската фонтана Треви за една година собра повеќе пари отколку градски музеј

Традицијата на фрлање паричка во прочуената римска фонтана Треви во спомен на патувањето и враќањето во Вечниот град донесе рекордна сума во текот на изминатата година, еднаква на 1,6 милиони евра, соопшти добротворната организација Caritas која управува со на овој начин собраните средства.

„Допрва треба да ја пресметаме точната сума со размена на моментите од различни валути во евра. Станува збор за рекордна сума од околу 1,6 милиони евра. Во 2022 година собравме милион и 430 илјади…“, вели претставник на организација Caritas.

Според него, работниците на римската енергетска компанија „Acea“, којашто исто така ја снабдува италијансата престолнина и со вода, ги собираат монетите од фонтаната неколкупати седмично, во зависност од бројот на туристите. Во периодот на нивниот најголем прилив, пак, Треви се „вшмукува“ речиси секој ден. Откако ќе бидат собрани, монетите се запечатуваат во вреќи и се испраќаат за сортирање и конверзија во евра.

Еден милион ипол евра во моменти од целиот свет тежат 33 тони, а годишниот „приход“ на Фонтаната ди Треви го надминува прифитот на просечен римски музеј. За споредба, Националниот римски музеј заработува од влезници нешто повеќе од милион евра годишно.

Фонтаната Треви е изградена во барокен стил во периодот од 1732 до 1762 година од архитектот Николо Салви, и архитектонски се слева со фасадата на Палацо Поли.

Во 2019 година локалните медиуми објавија дека римските власти дошле на идејата дел од стредствата до фонтаната Треви да пренасочат во градскиот буџет за јавни проекти, како што се одржување и поправки на архитектонските споменици. По бранот критики, поранешните градски власти вети дека монетите од главната римска фонтана и светски позната знаменитост ќе продолжат да се користат за добротворни цели, како и дека објавата од кабинетот на градоначалникот била погрешно протолкувана во медиумите.