Рио де Женеиро: Жестоки судири поради поскапување на јавниот превоз

Повеќе стотина демонстранти се судриле со полицијата на главната железничка станица во Рио де Женеиро поради поскапување на картите за јавниот превоз, објавуваат бразилските медиуми.

Судирите се случиле во во текот на сообраќајниот „шпиц“, по што демонстрантите фрлале камења и молотови коктели врз полицијата, која возвратила со солзавец.

Демонстрациите се организирани во знак на протест против одлуката на градоначалникот на Рио, Едуардо Паес, цените на картите за едно возење во градските автобуси да поскапе за девет отсто, односно на три од 2,7 реали, односно на 0,80 од 0,70 евра.