Роберто Манчини веќе не е селектор на Италија

Роберто Манчини веќе не е селектор на Италија. Ова го соопштија од италијанската репрезентација, а „азурите“ со нов селектор ќе гостуваат во Македонија.

„Федерацијата го разгледува најдоброто решение за селекторската позиција“, се вели во соопштението.

Под негово водство Италија го освои Европското првенство, но доживеа дебакл во баражот за пласман на Мундијалот во Катар откако загуби од Македонија во Палермо со 1-0.