Рој Кин повторно вмешан во инцидент

Кин, кој е помошник тренер и во Астон Вила и во репрезентацијата на Р. Ирска, според информациите кои доаѓаат од Островот се степал со навивач. Инцидентот се случил во хотелот каде што е сместена селекцијата на Р. Ирска.

Според тамошните медиуми, еден навивач пристигнал во хотелот со намера Рој Кин да му ја потпише книгата, која е автобиографија на некогашниот капитен на Јунајтед, но тој одбил да го стори тоа.

Тогаш настанала тепачка, а Фудбалскиот сојуз на Република Ирска објави соопштение во кое се наведува дека потполно стои зад својот помошен тренер. Според тврдењето на сојузот Кин направил се за да го избегне физичкиот конфликт, а медиумите го преувеличале инцидентот. Веднаш по инцидентот Кин повикал полиција и тврдел дека бил физички нападнат.

Во хотелот каде што е сместена репрезентацијата владее напната атмосфера, а инцидентот е единствената тема за која се зборува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.