Ротвајлер искасал девојче во Скопје

Девојче било тешко повредено откако било искасано од куче ротвајлер, вчера во паркот за кучиња во скопско Тафталиџе, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 22 часот на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во паркот за кучиња. Тогаш 13 годишно девојче, кое било со нејзиниот татко Д.Д.(43), било каснато од ротвајлерот, кој го водела девојка.

Девојчето добило тешки повреди, а повреден е и таткото, кој се обидувал да го оттргне кучето. На повредените им е укажана лекарска помош во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“.