Розамунд Пајк ќе ја глуми Марија Кири во филм на француско-иранска режисерка

Француско-иранската режисерка Маријане Сатрапи, наградена во 2007 година во Кан за филмот „Персеполис“ го снима долгометражниот филм „Radioacitve“, во кој британската актерка Розамунд Пајк ќе ја толкува Марија Склодовска Кири, првата жена добитничка на Нобелова награда.

Како што објавија во средата студијата „Canal“ и „Amazon“, ликот на Пјер Кири ќе го игра Сем Рајли.

Адаптацијата на романот на Лорен Реднис, филмот „Radioacitve“ ја носи вистинската приказан за научничката родена во 1867 година во полската престолнина Варшава, којашто во Франција дошла на студии и таму го запознала идниот сопруг. Пјер и Марија Кири заедно го откриле радиумот и предизвикале потрес во тогашните научни кругови.

Ања Тејлор Џој ја игра Ирена, ќерката на Марија Кири, а Сајмон Расел Бил ќе го толкува професорот Липман од Факултетот за науки на парискиот универзитет со кој Марија Кири се судрила. Првите кадри од ова остварување се снимаат во унгарската престолнина Будимпешта.