Русјаков: 12 вистини што пробуваат да ги спинуваат

Александар Русјаков на својот Фејсбук профил наброи 12 вистини што пробуваат да ги спинуваат.

Тој го изрази својот став за преговорите за промена на името со Грција.

1. Во ООН не сме запишани како FYROM, туку како Former Yugoslav Republic of Macedonia скратено FYR Macedonia. FYR Macedonia не е име туку привремена референца запишана додека се најде или не се најде решение (ние во секое време можеме да прекинеме и да си бараме прием под уставно име). Тие што ве убедуваат дека веќе сме го смениле името во ФИРОМ и сега тоа ќе сме го менувале, третирајте ги како непосакувана дијареа што треба да се превенира.

2. Во Советот за безбедност на ООН, проблемот меѓу Македонија и Грција е запишан како „разговори околу разликите за името“, а преговори и разговори не се исто, затоа што преговорите мораат да донесат решение, но не и разговорите.

3. Идентитетот на македонскиот народ произлегува од името на државата, секоја промена на буква во името го гасне идентитетот.

4. Во разговорите за разликите околу името под покровителство на ООН може да се разговара само за разликите околу името, а никако за тоа како ќе се именува македонскиот народ, јазик и култура кои го образуваат македонскиот идентитет, така што Нимиц, Заев, Димитров, Ципрас, Василакис и нивните македонски и грчки претходници од власта учествуваат во злосторничко здружување со геноцидни последици против македонскиот народ и држава.

5. Според правната рамка на спорот кој се води под покровителство на ООН, Метју Нимиц е само медијатор и тој нема законско право да дава предлог имиња за нашата држава, туку само да посредува, то ест помогне и да извести дали двете страни можат да најдат некакво решение (на крајот на краиштата самиот Нимиц во две различни интервјуа кажа дека доколку е Македонец никогаш не би го сменил името).

6. Грчкото ЕРГА ОМНЕС (севкупна употреба) е надвор од форматот на разговорите (не, преговорите) под покровителство на ООН што пак значи промена на Устав.

7. Во член 308 од Кривичниот законик на РМ пишува:„Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на ПОТЧИНЕТОСТ или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“ , што пак е едно од многуте кривични дела против македонската држава сторена од македонските политичари од независност наваму.

8. Грчкиот парламент никогаш не ја ратификува Времената спогодба.

9. Грција се пенави за македонскиот иредентизам, а токму тоа и беше нејзиниот аргумент во спорот со Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, каде загуби со едногласна одлука на судиите, а нејзините посочувања на именувањето на аеродромот, автопатот и градењето споменици практично беа отфрлени како будалаштини.

10. Терминот „Република“ пред Македонија апсолутно прави разлика од, до скоро безимената грчка провинција Македонија која воопшто не постоеше како име до нашата независност, така што не може да има никаква територијална претензија, ако не ми верувате мене консултирајте го Бадентер.

11. Придавките „северна“, „горна“ или „нова“ директно задираат во идентитетски прашања.

12. Доколку се обидете да ме убедите во спротивното правите неуспешен обид да ме направите идиот како себе.

ПРЕКИН НА РАЗГОВОРИТЕ
НЕ ВИ ГО ДАВАМЕ ИМЕТО
ФАК ОФ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.