Самоубиства на азилантки за да им ги задржат децата во Австралија

Десетина жени во еден центар за азиланти во Австралија се обиделе да се самоубијат, со цел нивните деца да останат во државата, пренесуваат австралиските медиуми, пишува „Курир“.

Началникот на општината на тој остров, Гордон Томпсон рекол дека мајките се поведени од мислата дека доколку нивните деца се сираци ќе имаат поголеми можности да останат на австралиското тло.

Според пишувањето на „Сиднеј Морнинг Хералд“, оваа невообичаена појава е забележана во центарот за бегалци, на Божиќникот остров, откако жените добиле информација дека наскоро ќе бидат префрлени во Папу Нова Гвинеја или на островот Науру.

Австралискиот одбор за човекови права изјави дека во последните 48 часа има информација за седум обиди и закани за самоубиство во центарот на Божиќниот остров, пренесува Франс прес.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.