Саудијците го убиле Кашоги во конзулатот во Истанбул?

Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, кој се води како исчезнат веќе неколку дена, најверојатно е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, изјавија турските власти.

Кашоги, кој е саудиски државјанин, за последен пат бил виден кога го посетил конзулатот во вторникот. Според едно официјално лице, првичната истрага упатува на тоа дека Кашоги е убиен внатре, иако Турција засега нема дадено ниеден доказ за своето тврдење.

Според Турците, група од 15 Саудијци допатувала истиот ден во Истанбул со намера да го убијат новинарот, и биле во конзулатот во исто време со Кашоги, но истиот ден  заминале од Турција

Саудиска Арабија ги отфрла овие обвинувања тврди дека Кашоги по еден час зминал од конзулатот и велат дека работат на негово пронаоѓање. Тие им нудат на турските власти и покрај суверенитетот на нивниот конзулат да извршат претрес и да ги истражат просториите.

„Вашингтон пост“ соопшти дека евентуалното убиство на Кашоги би бил монструозен чин, додека во исто време, ова би можело да предизвика голема криза во односите помеѓу Турција и Саудиска Арабија.

Џамал Кашоги е познат како голем критичар на саудискиот принц Мохамед бин Салман и има 1,6 милиони следбеници на Твитер. Во вторникот, тој отишол во конзулатот за да добие потврда за развод, со цел да може да се ожени со својата свршеница од Турција. Таа вели дека го чекала надвор 11 часа, но тој не излегол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.