Сценариja како да се разлади топлотниот бран

Во светот зафатен од топлотните бранови пристапот до услугите за разалдвуање станува важно прашање, особено во земјите во развој во кои поседувањето клима-уред сѐ уште е реткост, се наведува во студијата „Helping a warming world to keep cool“, објавана на интернет страницата на Меѓународната организација за енергија (IEA).

Речиси 2,8 милијарди луѓе денес живеат во земји во коишто просечната дневна температура е повисока од 25 Целзиусови степени, а помалки од 10 отсто имаат клима-уред. За разлика од нив, повеќе од 90 отсто од домаќинствота во земјите како што се Јапонија и САД имаат клима-уред.

Стручњаците на IEA предивдуваат дека дури 2,5 милијарди луѓе во жешките земји ќе имаат клима уред од 2050 година, но без него и натаму ќе бидат 1,9 милијарди луѓе. Неодамнешната анализа на IEA истражувала кое количество енергија е потребно за пристапните и одржливи решенија им бидат достапни на сите.

Според сценариото „Cooling for All“ за повеќе од една третина од 900 милиони луѓе кои во моментов живеат во руралните области без електрична енергија, пристапот до разладувањето би бил обезбеден надвор од конвенционалните мрежи, а за уште 400 милиони луѓе преку мини-мрежите.

Во сценариото се разгледуваат два можни пристапа до давањето услуги за разладување за областите во кои веројатно ќе бидат користени вонмрежни технолошки решенија за пристап до електричната енергија. Според првиот пристап, домаќинствата во земјите со високи температури на воздухот би имале пристап до услугите за разладување со помош на дизелски генератори коишто би придвижувале мала климатизациска единица за разладување од околу 20 квадратни метри простор. Меѓутоа, како што се предупредува во студијата, имајќи предвид дека домаќинствата со ограничен пристап до енергијата вообичаено имаат ниски приходим, тоа значи дека дополнителните услуги за разладување веројатно би претставувале важен потенцијален трошок, дури и доколку домаќинствата добијат пристап до дизелски генератор.

Другиот простап претпоставува употреба на соларна фотонапонска единици со акумулатор кој би придвижувал иста таква климатизациска единици. Од IEA предупредуваат дека воспоставивање на климатизацијата би отворило низа други прашања и проблеми, и тоа во прв ред во поглед на трошоците. Имено, како што се наведува во студијата, прашањата како што се колку чество домаќинствата користат клима уред и колку тој е пристапен, исто така, се важни и треба да се земат превид, особено бидејќи ладењето е само дел од големата слика за подобрување на пристапот до модерните енергетски услуги во многу земји во развој.

Другите енергетски потреби, како готвењето, осветлувањето и разладувањето, исто така, се пресудни делови од овој мозаик за пристапот до енергијата. Дури и користењето на мал клима уред по неколку часови дневно претставува значителен дел од потрошувачката на домаќинствата на електрична енергија, се наведува во споменатата студија.

Се предупредува и дека клима-уредите „може да имаат многу смисла“ и надвор од домаќиснтвата, бидејќи најтоплите делови од денот во многу земји се кон средината до доцна попладнето, кога луѓето најчесто се надвор од своите домови во местата како што се училиштата, болнциите и здравствените домови и други јавни објекти. Пристапот до климатизацијата во овие објекти моќе да има смисла во поглед на енергетските емисии и пристапнтие цени, како и друга потенцијална полза, како што е подобрувањето на здравјето, велат уште до IEA.