СДСМ МВР – партија држава

СДСМ ажурира членство со министерот за полиција. Спасовски влегува во домовите на граѓаните и врши ажурирање на членството на СДСМ.

Самиот Спасовски се пофали за оваа активност на Фејсбук.

„Денеска бев во Гази Баба во посета на нашите другари кои што го ажурираа членството во најсилната и победничка партија СДСМ.

Дополителен чекор напред кон модернизацијата ќе биде и електронската дата база на податоците, но и новите членски картички на СДСМ.

Со ажурирани податоци полесно ќе им се обратиме, но, ќе имаме и подобар заемен однос, побрзо ќе може да реагираме за некој проблем, некој предизвик и подобро ќе ја развиваме СДСМ како наше заедничко семејство.

Секој треба да се ангажира за оваа многу важна организација. Да го направиме ажурирањето на членството темелно, како што личи“, напиша Спасовски.

Пред мартовскиот конгрес функционерите на СДСМ со држвани ресурси се растрчани да го ажурираат членството, а се чини во работно време.

Толку од заложбите за нешто поинакво. Контрола мора да има.

Фото: Фејсбук

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.