Сеад Кочан денеска повторно во судница

Во Основниот суд Скопје 1 за денес е најавено ново рочиште за случајот „Труст“ во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан. На денешното рочиште во судница треба да сведочи управител на „Силекс неметали“.

Во „Труст” oбвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет”, „Силекс” и „Вато” ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.

Според обвинителите на СЈО обвинетите Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и фирмите „Трансмет”, „Силекс неметали” и „Вато”, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните.