Сеча на дрвјата во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“, за безбедност на учениците

Загрижени граѓани реагираат на сечата на дрвјата во дворот на Средното електротехничко училиште „Михало Пупин“, од каде што одговараат дека преземената активност е со цел да се осигури безбедноста на учениците.

Како што за НетПрес рече директорот на средното училиште во скопската општина Гази Бава, Димитар Георгиев, станува збор за отстранување на дрвјата кои се стари и претставуваат опасност по безбедноста на учениците, односно лесно може да се урнат при посилен ветер.

За сечењето на дрвјата постои и писмено одобрение и решение издадено од Град Скопје пред три години кога и биле маркирани дрвјата кои треба да се отстранат, додаде Георгиев.

Според него, претстои уште една сеча на, исто така, маркирани стебла во училишниот двор, а станува збор за одамна засадени тополи кои се претставувале опасност за учениците и персоналот. Георгиев додаде дека веднаш потоа ќе биде спроведена и акција на засадување нови дрвја на местата на отстранетите.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.