Секс во тројка или четворка?

За некои партнери, сексот во тројка или дури и четворка е сосема прифатлив, додека за другите партнери можеби е само прашање на време кога ќе дојде до тоа.

Иако се смета дека машките се повеќе склони кон ваквите практикувања, некои истражувања покажуваат дека и жените фантазираат за ваков вид на секс.

Ви ги презентираме петте најчести прашања кои ги поставуваат жените кога се работи за секс во тројка или четворка.

1. Дали ќе бидам задоволена?
Сексот во тројка честопати се состои од две девојки и едно машко, а во тој случај девојките се прашуваат: “Дали ќе бидам задоволена?” .. Доколу машкото има доволно енергија, ни би требало да има никаков проблем околу тоа, бидејќи ќе може да го осигура задоволството на двете партнерки.


2. Изгледам Секси?
Кога за време на сексот се вклучени повеќе девојки, секоја од нив ќе се прашува дали е помалку секси од таа другата или третата. Жените по природа се наклонети да гледаат на другите жени како конкуренција, и се чувствуваат дека треба да се натпреваруваат со нив. Во таквиот секс секоја од жените ќе се труди да даде се од себе и да изгледа што е можно подобро.


3. Доволно ли е провокативна и примамлива долната облека која ја носам?
Постојат многу различни дизајни на долна облека и секоја жена се осеќа секси во различен дизајн. За секоја жена или девојка поединечно зависи што ќе одбере да носи и во што се чувствува најсекси и најсамоуверено, а потоа ќе се сомнева дали го направила совршениот избор спореден со изборот на другите.

4. Дали ќе зажалам за овој чин?
Доколку некоја жена првпат ќе се согласи да стапи во секс во тројка, таа се до почетокот на чинот ќе се прашува дали ќе зажали за ваквата одлука. Тешко е да се каже каков ќе биде исходот од таа ситуација доколку се одлучите да стапите во секс во тројка или четворка но до еден совет секако мора да се придржувате – практикувајте заштитен секс!


5. Дали ќе уживам?
Истражувањата покажуваат дека се повеќе жени се одлучуваат на секс во тројка или четворка. Можеби таа одлука ја донесуваат поради незадоволството во бракот или поради потреба за една поинаква авантура… Се на се, одговорот на ова прашање зависи од тоа какви очекувања имате од целата ситуација. Доколу девојката или жената нема проблем со својата сексуалност и знае точно што сака, уживањето ќе биде загарантирано.