Селекторот Ангеловски ги повика Ибраими и Ашковски за квалификациските натпревари за Светското првенство

Членот на Кукс од Албанија, Агим Ибраими и фудбалерот на романски Ботошани, Стефан Ашковски, се повикани во А репрезентацијата на Македонија за квалификациските натпревари за Свесткото првенство против Романија, Лихтенштајн и Германија.

Селекторот Игор Ангеловски се одлучи на ваков чекор поради зголемениот број повредени, како и репрезентативци со позитивен тест на коронавирус.

Иван Тричковски поради повреда отпаѓа за овој собир, а поради позитивни тестови нема да бидат во тимот ниту Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов.

Македонската репрезентација Мундијалските квалификации ќе ги почне на 25 март со гостувањето во Романија, три дена подоцна се среќава со Лихтенштајн, а на 31 март ќе се соочи со германскиот национален тим. (МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.