Семинар на тема „Вработување во јавниот сектор“

Еднодневен семинар на тема „Вработување во јавниот сектор“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за бизнис образование Концепт. 

Целта на обуката е да се обработат специфичностите и новините кои следат согласно новите решенија на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор во однос на постапката за вработувања.

Семинарот е наменет за претставници од сите институции кои треба да ги применат новите законски одредби од двата наведени закона, а ќе ја спроведат претставници на Министерството за информатичко образование и администрација.