Шефовите на дипломатиите на Ерменија и Азербејџан во Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одвоено во Москва се состанал со колегите од Ерменија и од Азербејџан на разговори чија цел е запирањето на крвавиот конфликт во Нагорно Карабах, соопшти во средата руската дипломатија.

Во соопштението на руското министерство за надворешни работи се наведува дека „одвоените средби“ се одвивале во вторникот и во средата.

„Беше разговарано за итните прашања поврзани со покренување на договорот за примирје, за кои одлуки беа донесени порано, како и за создавање на потребните услови за трајно решение на судирот во Нагорно Карабах“, појаснува Москва.

Првото ткн хуманитарно примирје требаше да стапи на сила на 10-ти октомври, но не заживеа. Второто примирје пропадна седмица подоцна.

Русија, како регионална сила и земја која и со двете конфронтирани држави одржува добри односи, повеќепати повикува на примирје од ескалацијата на новите воени судири кои започнаа на 27-ми септември во Нагорно Карабах. Овој регион доминантно населен со Ерменците кој во Советскиот сојуз е административно доделен на Азербејџан при распадот на СССР прогласи независност поради што се водеше војна во којашто загинаа над 30.000 луѓе.

Оценувајќи го како „неприфатливо“ продолжување на судирите, Сергеј Лавров, изјави во понеделникот дека Русија, Азербејџан и Ерменија „работат на скоро покренување механизам на контрола на примирје“.

Министрите за надворешни работи на Ерменија, Зохраб Мнатсканијан, односно Азербејџан, Џехун Бајрамов, во петок, исто така, одвоено треба во Вашингтон да разговараат со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Русија, САД и Франција, се историски посредници во судирот во Багорно Карабах, од 1992 година во рамките на Минската група на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Според непотврдените податоци во новите судири загинале над 800 луѓе, меѓу кои стотици цивили. Секоја страна, пак, тврди дека убила илјадници непријателски војници. Азербејџан тврди дека освоил територии, што Еревен го негира, а во судирот сѐ почесто се вмешува и Турција која е обвинета дека воено се инволвира на азербејџанската страна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.