Шенер: Македонија за многу брзо време ќе влезе во ЕУ

Македонија за многу брзо време ќе влезе во Европската Унија и затоа јас веќе аплицирав за добивање на македонски пасош, вели Сани Шенер, главниот извршен директор на ТАВ Холдинг и претседател на бордот на директори, во интервју за “Република”.

Шенер додава дека Македонија е земја со богато историско и културно наследство, земја која има европска перспектива и иднина.

“Македонија е во центарот на Европа и Балканот, таа е портата кон Европа и убедени сме дека многу наскоро ќе стане членка и на Европската Унија. Тоа е важно за нас и од економски и од општествен аспект. Ние веруваме во иднината на Македонија, што е многу значајно за нас како концесионери на скопскиот аеродром”- додава Шенер

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.