Шкодран Мустафи потпиша за Валенсија

Фудбалерот со македонско потекло кој со селекцијата на Германија триумфира на СП во Бразил ќе се пресели од Сампдорија во редовите на Валенсија како замена за Жереми Матие кој ја засили Барселона.

„Валенсија постигна договор со Сампдорија за трансфер на централниот дефанзивец Шкодран Мустафи. Фудбалерот потпиша договор и ќе остане во Валенсија до 2019. година“, стои во клупското соопштение на шпанскиот тим.

Гостиварецот, кој ќе заработува по еден милион евра годишно, кариерата ја почна во младинскиот тим на Хамбург, од каде замина во Евертон. Во Англија мина две години, но не забележа настап за првиот тим на „карамелите“. За екипата на Сампдорија одигра 59 меча и постигна еден гол.