Шер се прошета низ Лос Анџелес, фановите се чудеа за изгледот на 76 години

Пејачката Шер прошета по улиците на Лос Анџелес и ја покажа својата завидна фигура која што ја одржува на 76 години.

Носеше хеланки кои ја оцртуваа нејзината линија и горен дел, а изгледот го комплетира со црни потпетици и чанта.

Шер претходно откри дека за нејзиниот изглед најзаслужни се редовното вежбање и правилната исхрана, а додаде и дека не пуши и не пие.

„Не сакам месо и повеќето работи што ги јадам се здрави“, рече таа во интервју пред две години.

„Млечните производи не се добри. Ако треба да консумирам млеко, ќе изберам безмасно. Сирењето го сметам за најлошото нешто за организмот. Тоа е масно и ќе го подигне нивото на холестерол во крвта“, објасни таа.

„Тестенините ми даваат многу енергија, како и овошјето како бананите, папаите и нектарините бидејќи содржат многу шеќер, но не е рафиниран. Тоа е нешто што отсекогаш сум го правела и едноставно уживам”, заклучила таа.