Штаб на ВМРО-ДПМНЕ искршен синоќа во Прилеп

Полицијата синоќа евидентирала оштетување на штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Според информациите, штабот лоциран на улицата Борка Талески во Прилеп бил оштетен синоќа, а искршени се две стакла.

По пријавување на случајот, извршен е увид и се трага по сторителот.