Шулц: Ципрас да не го загрозува единството на ЕУ

Претседателот на ЕП Мартин Шулц го повика премиерот на Грција, Алексис Ципрас да не „го загрозува единството на ЕУ“ за време на неговата посета во Русија.

Ципрас, кој денеска ќе пристигне во дводневна посета на официјална Москва, би требало да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Димитрија Медведев, претседавачот на руската Дума Сергеј Нарушкин и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, пренесува агенцијата „Спутник“.

Шулц во интервју за германскиот весник Билд рече:

-Незнам дали Русија ќе обезбеди финансиска помош за Грција, ниту кога би можело тоа да се случи. Но, можам да го посоветувам Ципрас да не го загрозува единството на ЕУ.