Шумочувари барале мито, заработија притвор

Двајца шумочувари барале мито за да не им пишат пријава на дрвокрадци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, двајца вработени во ЈП Македонски шуми, Н.Д.(50) и И.К.(51), двајцата од Скопје заработија кривична пријава бидејќи побарале мито од по 50 евра за да не им пишат пријава на дрвокрадци.

Пред три дена откако двајца браќа влегле со натоварени нежигосани дрва на коњи во нивниот двор во село Пагаруша, биле забележани од страна на пријавените Н.Д. и И.К – вработени во Подружница Шумско стопанство “КАРАЏИЦА“ како шумари и во својство на службени лица на МАКЕДОНСКИ ШУМИ за да не им напишат пријава и да им ги земат дрвата, побарале од браќата да им дадат 100 евра, односно на двајцата да им се даде по 50 евра. Но, оштетените им кажале дека моментално немаат и дека за нив тоа се многу пари. Следниот ден шумочуварите неколку пату телефонски им се заканувал дека ќе ги пријават доколку не им ги дадат парите. По, тоа браќата го пријавиле случајот во полиција и  дале пари да бидат обележани од страна на полицијата.

Со оболежаните евра, се договориле да се сретнат во Драчево, каде на шумочуварите им биле дадени парите. Веднаш потоа тие се приведени и  е извршен личен претрес во присуство на адвокат, при што кај Н.Д. се пронајдени двете банкноти од по 50 евра и истите со потврда се одземени. Од страна на Судија во претходна постапка на И.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Н.Д. му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Од полиција соопштуваат дека шумочуварите и предходно ја имале злоупотребено совјата должност за што и биле осудени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.