Си Ен Ен доби лиценца за емитување програма во Русија

Си Ен Ен Интернешнл доби лиценца за емитување програма во Русија, соопшти Раша Тудеј, повикувајќи се на информации од руската агенција за надзор на медиумите Роскомнадзор.

Инаку, при крајот на минатата 2014-та година каналот престана да се емитува во Русија поради промените во руската легислатива.

-На 23-ти март добивме лиценца од Роскомнадзор да емитуваме програма во Русија во следните 10 години, велат извори од телевизијата за руските медиуми.

Претседателот на Роскомнадзор, Александар Зхаров потврди дека надзорната компанија издала лиценца за Си Ен Ен.

-Го поздравувам фактот што Си Ен Ен се придржуваше до договорите кои ги постигнавме во рамки на преговорите и верувам дека каналот исто така ќе биде точен и непристрасен во нивната содржинска политика, изјавил Зхаров.

Си Ен Ен престана да емитува програма на 31-ви декември 2014-та година, по промените во руската легислатива со која се регулира работењето на мас медиумите. Во главно, од 1-ви јануари 2015 – та година во Русија стапи на сила закон за забрана на емитување на реклами на телевизиите чие емитување дополнително се плаќа.

фото: rt. com