Синадиновиќ е ново име во тимот на МЗТ Скопје

Синадиновиќ е новото име во МЗТ Скопје

Протиќ го повреди коленото во финишот од полуфиналниот меч со Куманово, Љубичиќ воопшто не настапи на турнирот во Охрид, а на тренерот Пипан му беше јасно дека мора што поскоро да биде ангажиран нов организатор на играта, особено ако се земе во предвид пеколниот распоред на натпревари на самиот старт од АБА-лигата, која почнува в четврток.

Изборот падна врз 27-годишниот Синадиновиќ, за кого ова ќе претставува камбек во таборот на аеродромци, каде има настапувано пред неколку години.

Синадиновиќ веднаш ќе му се стави на располагање на Пипан, со оглед на фактот дека е добро физички подготвен, откако последните триесетина дена тренираше со Партизан. Се очекуваше тој да потпише договор со “црно-белите”, но нивните сериозни финансиски проблеми придонесоа овој плејмејкер сепак реши да ја прифати понудата на МЗТ.

Синадиновиќ го мина поголемиот дел од ланската сезона носејќи го дресот на ПАОК, тим со кој се пласираше во полуфиналето од грчкиот шампионат, а на 11 средби имаше скромен ефект од 2,1 поен и 1,2 асистенции по натпревар. Претходно, тој играше за Таргу Муреш во Романија, каде на 8 средби во романскиот шампионат имаше импресивна статистика од 15,5 поени, 4,3 скокови и 3,8 асистенции по натпревар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.