Сиријци извршиле тешка кражба во Центар

Двајца азиланти од Сирија, З.И. (18) и М.Е.А. (30), добија кривични пријави за тешки кражби. Имено, на 27-ми овој месец во Центар, кај булеварот ВМРО, од женско лице одзеле чанта со паричник со лични документи, две службени картици, од кои едната картичка била со сертификат за стого доверливи информации, службена идентификација, како и предмети во вредност од 10 илјади денари.

Оштетената сличајот го пријавила во ПС Центар, по што од страна на полициските АЛФИ, уапсен е М.Е.А., а првопријавениот се дал во бегство.

Азилантите биле сместени во Прифатниот центар за азил во Визбегово