Сколари: Бразил е зависен од Неимар

Селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари, најпосле собра храброст јавно да признае дека играта и успехот на “кариоките”, најмногу ќе зависи од формата и играта на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес, крилниот напаЃач Неимар.

“Да, Бразил зависи од Неимар. Тоа е точно. Бразил зависи од Неимар исто како што Аргентина зависи од играта и од формата на Лионел Меси. Станува збор за уникатни фудбалери, за фудбалери без кои не може да се замисли Бразил и Аргентина. Неимар и Меси се фудбалери кои ја прават потребната разлика. Со еден потег го решаваат натпреварот. Задоволен сум од играта на натпреварот против Камерун. Можевме да постигнеме осум погодоци, но и да примиме три. Убеден сум дека ќе одиграме уште подобро во следниот натпревар”, изјави Сколари.