Скопјани биле тепани со палки и боксирачи

Двајца скопјани синоќа биле физички нападнати од непознати лица и удирани со боксирачи и палки.

Полицијата соопшти дека случајот го пријавил  Ш.Т. од село.Визбегово. Според неговото сведочење тој  заедно со негови роднини меѓу кои и Т.Ш. (32) од село .Визбегово, биле физички нападнати од непознати лица, при што биле удирани со боксирачи и палки. Во нападот, Т.Ш. бил удрен со тврд предмет во пределот на главата и се здобил со телесна повреда, констатирана во Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.