Славниот актер призна кои му биле најголемите пороци

Славниот актер призна кои му биле најголемите пороци. Двојниот добитник на Оскар, сер Мајкл Кејн призна дека дневно пиел по шише вотка, а дека од порокот успеал да се спаси благодарение на неговата сопруга Шакира.

Во младоста не водев сметка за себе. Пиев по литро вотка дневно и пушев по неколку кутии цигари, рече актерот и нагласи дека таквиот начин на живот се должел на преголемиот стрес.

majkl-kejn-2

 

Не бев несреќен. Повеќе ме уништи стресот. „Ќе ја прифатам ли новата улога?“ или „Како да ја одглумам?“. Ова беа само некои од прашањата што ме исцрпуваа и предизвикуваа стрес. Кога ја запознав Шакира, таа едноставно ме смири, рече актерот и додаде дека неговата сопруга му е десна рака, личноста со која апсолутно дели се дека без неа сигурно не би бил таму каде што е сега.

Таа никогаш не ми рече дека морам да престанам да пијам, но откако ја запознав, посакав да останам трезен, заклучи Кејн.