Слобода на говор само за поддржувачи на Сорос, спречено предавање на Универзитетот Беркли (ФОТО+ВИДЕО)

беркли

Конзервативниот коментатор Мајло Јанопулос, кој е уредник на сајтот Брајтбарт требаше да одржи предавање на Универзитетот Беркли.

berkli-protesti.jpg1Сепак, студентите кои сакаа да го слушнат предавањето беа спречени, бидејќи колегите кои не сакаа да го слушаат најпрво започнаа да протестираат а потоа дивееја, кршеа и палеа на кампусот.berkli-protesti.jpg2

berkli-protestiИ ако сето ова не ви звучи доволно познато, да додадеме дека студентите беа поддржани од 100-на професори. Студентски протести, Студентски пленум, Професорски пленум…

Со транспаренти на кои пишува „Ова е војна“, „Да ги натераме расистите да се плашат“ скандираа против конзервативниот новинар, но и против Доналд Трамп.

Но на ѕидовите низ кампусот беа напишани и некои загрижувачки пораки како „Убиј го Трамп“.berkli-protesti.jpg6

berkli-protesti.jpg1.jpg6

Слобода на говор само за оние кои се платени од Сорос?

Бидејќи протестот беше насилен и резултираше со 6 повредени лица, говорот на Мајло Јанопулос кој требаше да се одржи во средата, беше откажан. Слободата на говор на Мајло Јаношулос беше скратена исто како и правото на избор на оние кои сакаа да го слушаат.

-Уривањето на огради поставени од полицијата не е насилство. Спречувањето на некој кој зборува реално насилство, наспроти некој кој го практикува исто така не е насилство, напишаа на својата Фејсбук страна од групата Алијанса за глобална правда која го организираше протестот.

Сепак, Алијаса за глобална правда, не напиша дека во насилните протести поддржувач на Трамп бил нападнат со лопати од група на мажи. Додека пак жена поддржувач на Трамп беше нападната со солзавец од групата која протестирала, додека дава интервју пред камера.

Типична злоупотреба на студенти за политички цели. А целата слика стана уште појасно кога беше обелоденето дека Алијансата добива пари, од Сорос.

Според овој документ, Алијансата за глобална правда (AfGJ) добила 2,2 милиони долари заклучно фискалната година во Март 2016.

Еден од најголемите донатори на AfGJ е Фондацијата Тидес која е НВО финансирана директно од Џорџ Сорос.

По насилието на кампусот во Беркли, Трамп на својот Твитер профил напиша:

berkli-protesti.jpg8

„Нема слобода на говор, нема федерално финансирање на универзитетот“

Инаку штетата која ја направија насилните протести во кампусот на Универзитетот на Беркли е проценета на околу 100.000 долари и 6 повредени лица.