Службена победа за Шкендија, суспендиран стадионот на Шкупи

Комисијата за натпреварување на ФФМ вечерва на вонредна седница по повод денешните инциденти на четвртфиналниот куп натпревар меѓу Шкупи и Шкендија го регистрираше дуелот со службената победа на гостинскиот тим од 3-0.

Теренот на Шкупи, како што официјално е соопштено, се суспендира за одигрување првенствени и куп натпревари, а актуелниот шампион е предаден на натамошна постапка на Дисциплинска комисија на ФФМ.

Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.

Натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија беше прекинат непосредно по водечкиот гол на гостите во 10 минута, кога група навивачи на домашниот тим влегоа на теренот со намера физички да се пресметаат со гостинските фудбалери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.