„Соба со пијано“ на софискиот Филмски Фестивал

По „ФЕСТ“ во Белград, каде „Соба со пијано“, од страна на познавачите на филмот, беше најавен како вистинско изненадување и беше одлично прифатен од тамошната публика, продолжува фестивалското патување на овој филм. Вчера, во кино салата Одеон, „Соба со пијано“ го имаше свето премиерно прикажување на 18-то издание на интернационално признатиот Филмски Фестивал во Софија. Филмот, со уште девет други наслови од регионот кои ја сочинуваат програмата Balkans Competition, се натпреварува за една од фестивалските награди.

Прикажувањето на „Соба со пијано“ беше најавено и во голем број од бугарските медиуми.

Покрај вчерашната проекција, филмот ќе биде прикажан и денес, 12 март, во киното „Лумиер“ во 14:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.